„Не можам да објаснам што е тоа“ – новинар утрово во 04 часот се јави во живо од Украина, будните граѓани цела ноќ ги снимаа нападите

Експлозии во неколку градови во Украина се пријавени откако Москва ја започна „специјалната операција“, јавуваат светските медиуми.
Пријавена е серија на експлозии ширум Украина, а очевидците рекле дека истите се случиле во близина на неколку големи градови, додека рускиот претседател Владимир Путин потпишал наредба со која се одобрува „специјалната воена операција“ во регионот Донбас.

Говорејќи од покрив на еден објект во центарот на Киев, репортерот на Си Ен Ен, Метју Чанс рече дека слушнал четири или пет експлозии како избиле во градот.
Во меѓувреме на социјалната мрежа Твитер се шират фотографии и видеа од самиот напад рано утрово.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.