Нов напад со дронови од Украина врз руски аеродроми. Овој пат на мета во Курск

Дрон нападна аеродром во областа Курск, изјави гувернерот Роман Старовоит на својот канал на Телеграм.

„Како резултат на напад со дрон, во реонот на аеродромот Курск се запали резервоар за складирање нафта. Нема жртви. Пожарот се локализира. Сите специјални служби работат на лице место“, напиша тој.

Нов напад со дронови од Украина врз руски аеродроми. Овој пат на мета во Курск

Аеродромот Курск не примил ниту испратил цивилни авиони од 24 февруари – таму, како и на десет други аеродроми на југот и центарот на Русија, е во сила режимот за ограничување на летовите.

Еден ден претходно, украинците се обидоа да нападнат воени аеродроми во регионите Саратов и Рјазан. Според Министерството за одбрана на Русија, биле користени беспилотни летала од советско производство, но руската авијација, користејќи воздушна одбрана, ги соборила овие уреди кои летаат на мала височина.

При нападот загинаа тројца војници од техничкиот персонал, а уште четворица беа повредени. Две летала добиле помали оштетувања на трупот.

Воениот оддел нагласи дека со овој напад Киев се обидува да ја наруши борбената работа на руската авијација со долг дострел. По овие напади вчера возврати со жестоки напади Русија.

Сите 17 назначени цели беа погодени, ударот го наруши трансферот на војници и странско оружје во борбените области со железница.

Пронајдете не на следниве мрежи: