КАТАСТРОФА: Протекла вода во операционите сали во „8 Септември“ – се одложуваат операции!

По вчерашното силно невреме што го зафати Скопје во ГОБ „8 Септември“ протекла вода во операционите сали на третиот кат, и поради тоа биле одложи операциите.

Д-р Александар Каревски, ортопедски хирург во болницата „8 септември“, на својот Фејсбук профил објави дека негрижата и запоставувањето секогаш излегуваат на виделина.

Синоќешното невреме имало сериозни последици по оперативниот блок во ГОБ 8ми Септември. Време е некој способен да ги решава проблемите на оваа болница, порача Каревски.

Во меѓувреме проблемот е надминат, а болницата е во целосна функција, информираа од болницата.

Пациентите што треба да бидат оперирани веќе се префрлени во опремени сали на другите катови.

Пронајдете не на следниве мрежи: