Опасни бетонски блокови висат од тераса, местото е обележано и се преземаат мерки за да се отстрани опасноста по минувачите

На Единствениот повикувачки бој за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК) имало пријава за блокови од тераса што висат и се пред паѓање, а претставуваат опасност за минувачите бидејќи биле бетонски. Опасното место за минувачите е на Булевар „Илинден“ во Општина Центар во Скопје, спроти Влада.

На барање од ЦУК, веднаш од Општина Центар излегле на терен, по што повратно го известиле ЦУК дека опасното место е обезбедено – заградено и е видно обележано, за што испратиле и фотографија од местото.

Проблемот со отстранување на опасните блокови од тераса што висат и се пред паѓање ќе се решава во наредните денови.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.