Ослободениот директор на болницата во Газа: Палестинците умираат од тортура и запоставување во израелските затвори

–Директорот на болницата Ал-Шифа во Газа, Мухамад Абу Салмија, кој помина речиси седум месеци во израелски затвор, рече дека неколку палестински притвореници починале во израелските затвори поради тортурата или медицинската небрежност на кои биле изложени за време на испрашувањето.Абу Салмија беше ослободен вчера, заедно со уште 54 затвореници од Појасот Газа кои израелската Армија ги ослободи бидејќи немаше место во затворите.„Затворениците од Газа ги оставивме таму во многу трагична ситуација и во тешки услови. Повеќето од затворениците починаа за време на испрашувањето. Меѓу нив има измачени здравствени работници и постари лица кои починале бидејќи не биле лекувани“, изјави Абу Салмија за Анадолу.Истакнувајќи дека Палестинците приведени од страна на израелските сили се лишени од доволна количина храна и се изложени на физичко и психичко понижување, Абу Салмија рече дека секој од палестинските затвореници изгубил во просек по 25 килограми поради недостиг на храна.„Израелскиот медицински персонал и лекарите во затворите придонесуваат за казнувањето со нелекување на пациентите. Израел ги крши сите меѓународни договори, закони и практики кои предвидуваат заштита на затворениците“, изјави Абу Салмија.Абу Салмија ги повика меѓународните организации кои се занимаваат со правата на затворениците да ги посетат палестинските затвореници и да добијат информации за суровите услови во израелските затвори.Директорот на болницата Ал-Шифа, Абу Салмија, исто така побара од палестинските групи на отпорот да работат на ослободување на затворениците.Министерството за затвореници и ослободени лица при палестинската Влада во Газа на 20 јуни соопшти дека 36 Палестинци починале од тортура откако биле заробени од страна на израелските сили во екот на нападите во Појасот Газа.Израелската Армија по неколкудневна опсада на 14 ноември 2023 година изврши напад врз болницата Ал-Шифа, која се наоѓа на северот на Појасот Газа, а потоа предизвика големи разурнувања во болницата.Директорот на болницата Абу Салмија беше приведен од израелските сили на 23 ноември 2023 година, а вчера беше ослободен од затвор заедно со уште 54 Палестинци по околу 7 месеци. Беше објавено дека тие биле ослободени бидејќи немало место во израелските затвори.Израел од 7 октомври минатата година врши континуирани напади врз Појасот Газа и сѐ помасовно приведува Палестинци, кои според голем број извештаи се третираат нехумано во затворите.Весникот „Њујорк тајмс“ објави извештај кој покажува дека илјадници Палестинци приведени во воениот притворски центар Сде Теима во Израел биле подложени на нехуман третман.Во извештајот се наведува дека жителите на Газа, притворени во Сде Теима, биле принудени да седат во тишина на земја, со врзани очи и со лисици, на отворено и до 18 часа на ден.Палестинците во таа база поминуваат и до три месеци и се подложени на тортура за време на процесот на испрашување.Во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври се убиени најмалку 37.925 Палестинци, меѓу кои најмалку 15.069 деца и 10.279 жени, а ранети се 87.141 лице.Палестинските власти соопштија дека илјадници мртви сè уште се наоѓаат под урнатините, а виталната цивилна инфраструктура, како што се болниците, образовните институции и верските објекти, исто така се цел на израелските напади.

Пронајдете не на следниве мрежи: