Пеколни температури оваа недела – температурата ќе достигне и до 38 степени

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а во попладневните часови, претежно во планинските подрачја, ќе има услови за изолирана локална појава на пороен дожд и грмежи. Температурата ќе достигне до 38 степен.

Потоа се очекува стабилно и многу топло време.

Најтопло ќе биде особено на југоистокот во четврток, петок и сабота за кога е најавено дека температурата ќе достигне до 39 степен. Во четврток преку денот краткотрајно ќе засилува претежно северен ветер.

Пронајдете не на следниве мрежи: