Повеќе од 300 лица завршија во болница: Масовна инфекција на познато езеро, властите го истражуваат потеклото на опасниот вирус

Повеќе од 300 луѓе се хоспитализирани, а многу други имаат дијареа, гадење, грчеви или треска по појава на норовирус во општината Тори дел Бенако, северно италијанско езеро Гарда, соопштија властите во понеделникот.Повеќе од 900 случаи се регистрирани во таа општина на источниот брег на езерото, инаку популарна дестинација за одмор на Италијанците и странските посетители. Се претпоставува дека вирусот се шири со пиење вода од чешма.Општинските власти им порачаа на граѓаните да купат флаширана вода, додека чистата вода се дели бесплатно.Властите се обидуваат да утврдат како се шири вирусотВесникот вели дека се верува дека избувнувањето на вирусот е поврзано со високите нивоа на езерата по обилните дождови во последните недели, кои го преоптоварија канализациониот систем. Засега нема официјална потврда за ова.Општинските власти соопштија дека се обидуваат да утврдат како се шири вирусот. Додека во петокот беа пронајдени траги во водата за пиење, последователните тестови од добавувачот на вода беа негативни.Сепак, градоначалникот Стефано Никотра сè уште повикува на претпазливост. ,,Не користете вода од чешма за лична употреба или за храна“, рече тој. Bодата не смее да се користи за готвење или миење храна.Општината вообичаено има само 3.000 постојани жители, но сега има и многу туристи.Норовирусот е многу заразен, но обично краткотраен.

Пронајдете не на следниве мрежи: