Познат бизнисмен (Чедо Радомировиќ) вечерва е пронајден тешко повреден во скопско

Сопственикот на фирмата „Техноком“ и основачот на „Радо банка“ доцна вечерва со повреди е пронајден покрај кола кај селото Орман.

Чедо Радомировиќ е пронајден кај магистралата кај село Орман (општина Ѓорче Петров) во близина на магацините на Министерството за внатрешни работи.

Полицијата е на терен и врши увид во моментов. А лицето со знаци на живот е итно префрлено на скопските клиники.

Се испитува дали станува збор за обид за убиство или самоубиство. Инаку, бизнисменот Чедо Радомировиќ или по ново Чедо Радо (откако пред неколку години се откажа од македонското државјанство и земаше холандско, по што го скратил презимето) во минатото беше сопственик на сегавеќе пропаднатата „Радо банка“.

Во 2005 година тој беше уапсен поради вмешаност во пирамида, во друштво на десет даночни затајувачи.

Овој бизнисмен своевремено беше познат по тоа што беше прилично близок со ВМРО-ДПМНЕ. Беше поранешен газда на Радо банка, а од 2003 година оваа банка беше купена од контроверзниот бизнисмен Јовица Стефановиќ-Нини. Но, ни тој не успеа да ја спаси банката која од беше доведена во лоша состојба, па мораше да биде турната во стечај и ликвидација.

Во сопственост на Радомировиќ беше и градежната фирма Македонија инвест.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.