Полска ќе потпише безбедносен договор со Украина пред следниот самит на НАТО

Полска најверојатно ќе потпише билатерален безбедносен договор со Украина пред самитот на НАТО во јули во Вашингтон, најави неодамна полскиот премиер.Премиерот Доналд Туск изјави дека пред самитот на НАТО во Вашингтон, кој започнува на 9 јули, во Варшава ќе се разговара со украинскиот претседател Володимир Зеленскин.„Јас, заедно со министерот за одбрана, мора да одредиме како можеме да продолжиме да и помагаме на Украина, но не можеме да ги ослабиме одбранбените способности на Полска“, им рече Туск на новинарите, пишува yahoonews .„Постои 99 отсто шанси да го потпишеме овој договор со претседателот Зеленски пред самитот“, додаде тој.Исто така, Туск нагласи дека договорот е практично „завршен“ и само треба да се разјаснат некои детали и формулации.Инаку, Европската унија и две нејзини земји членки, Литванија и Естонија, на самитот во Брисел потпишаа договори за безбедност со украинскиот претседател.

Пронајдете не на следниве мрежи: