Почина глумецот Бил Кобс

Американскиот глумец Вилберт Франциско – Бил Кобс, познат по улогите во филмовите „Големиот скок“, „Телохранител“ и „Ноќ во музејот“, почина на 90-годишна возраст, објави неговиот публицист Чак И. Џонс.Роден во Кливленд, Охајо, САД, Бил Кобс остави длабока трага во Холивуд со удел во над 200 филмски и телевизиски улоги. Кобс е особено успешен во обаста на телевизијата, појавувајќи се во серии како „Сопранови“, „Западно крило“ и „Улицата Сезам“. Своите последни часови ги мина во неговиот дом во Риверсајд, Калифорнија.Беше активен глумец до самата своја смрт. Неговата кариера доживеа своевиден подем во неговите подоцнежни години, кога режисерите и продуцентите често го избираа за улоги и ликови на зрелост и мудрост.

Пронајдете не на следниве мрежи: