Претрес во тетовско, пронајдена дрога, приведен дилер

  Полициски службеници од СВР Тетово денеска го лишиле од слобода Х.Х.(33) од тетовски Порој, кај кого е пронајдена дрога.
Како што соопшти МВР, денеска во периодот од 7:30 до 8:30 часот, по претходно добиена судска наредба, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Х.Х., при што биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана и хашиш.
Х.Х. е приведен и задржан во полициска станица и против него ќе следува соодветен поднесок.

Пронајдете не на следниве мрежи: