Промоција на македонски преводи на француските дела „Идис” и „Везење”


Во Францускиот институт во Скопје, утре, 15 февруари, во 18 часот, ќе се одржи книжевна средба на која ќе бидат промовирани македонски преводи на француските дела „Идис” и „Везење”.

Книгата „Идис” на Робер Бадентер, е во превод на на г-ѓа Гзиме Старова, во издание на издавачката куќа „Или-Или”, а романот „Везење” на Марџан Сатрапи, е во превод на г-ѓа Јоана Хаџи-Лега Христоска, во издание на „Бункер”.

Домашните издавачки куќи вистински се залагаат околу преведувањето француски дела. Францускиот институт во Скопје има за цел на оваа средба да ја истакне работата на две издавачки куќи: „Или-Или” и „Бункер”.

Настанот ќе се одвива на македонски јазик, а ќе го отвори директорот на Францускиот институт во Скопје и Советник за култура и соработка, г-дин Иго Бештел.

Збор ќе земат одговорните лица од двете издавачки куќи, како и преведувачите, кои ќе проговорат околу преведувачките дилеми и предизвиците во областа на издавањето.

Заинтересираните можат да направат резервации на следниот мејл: [email protected]

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: