Путин пристигна во Северна Кореја! Погледнете како го пречека Ким Џонг Ун: Лидерите со иср (ВИДЕО)

Владимир Путин пристигна во дводневна државна посета на Северна Кореја!Авионот на рускиот лидер Ил-76 слета на аеродромот во Пјонгјанг околу три часот по полноќ по локално време, каде го пречека севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.
pic.twitter.com/tsDnTfoNBm— Pluton (@Pluton45873221) June 18, 2024
Двајцата лидери срдечно се поздравија и по краткиот разговор прошетаа по црвениот тепих покрај кој беше построена почесната гарда. Интересно е што Владимир Путин и Ким Џонг Ун заедно го напуштија аеродромот во „аурусот“ што севернокорејскиот лидер го доби на подарок од рускиот претседател при неговата претходна посета на Русија.
pic.twitter.com/gJIRSbFBHE— Pluton (@Pluton45873221) June 18, 2024
Дописниците на руските медиуми јавуваат дека патот по кој се возела претседателската колона бил украсен со руски знамиња и портрети на Путин.Преговорите на делегациите се закажани за в среда, а предвидена е и неформална комуникација меѓу лидерите. Двете страни ќе се осврнат на безбедносните прашања, соработката во економијата, енергетиката, транспортот, земјоделството…Програмата на посетата вклучува свечен државен прием и гала концерт во чест на доаѓањето на Путин, како и положување венец на Споменикот на ослободувањето посветен на војниците на Црвената армија кои ја ослободија Северна Кореја за време на Втората светска војна.Путин претходно ја посети Северна Кореја во 2000 година, кога во Пјонгјанг се сретна со тогашниот шеф на републиката Ким Џонг Ил. Актуелниот лидер на Северна Кореја, Ким Џонг Ун, во септември минатата година ја посети Русија.Путин по Северна Кореја ќе го посети Виетнам.

Пронајдете не на следниве мрежи: