Пјонгјанг: САД формираат азиско НАТО

Јапонија, САД и Јужна Кореја ги оправдуваат своите воени вежби со напорите за стабилизирање на безбедносната ситуација во регионот, а тие самите де факто создадоа воен блок сличен на „азискиот НАТО“, кој може да влезе во конфликт во секој момент на Наредба на Вашингтон, соопшти Министерството за надворешни работи на Северна КорејаСеверна Кореја ги обвини САД дека создаваат „азиско НАТО“ со одржување на заеднички вежби со Јужна Кореја и Јапонија.Јапонија, САД и Јужна Кореја ги оправдуваат своите воени вежби со напорите за стабилизирање на безбедносната ситуација во регионот, а самите тие де факто создадоа воен блок сличен на „азискиот НАТО“, кој во секој момент може да влезе во конфликт на наредби на Вашингтон, објави Министерството за надворешни работи на Северна Кореја, пренесува „Гардијан“.Севернокорејското министерство соопшти и дека по трилатералниот самит на САД, Јапонија и Јужна Кореја во август минатата година, овие земји се договориле во случај на закана против некоја од нив, веднаш да соработуваат за заеднички одговор.Ова недвосмислено не потсетува на принципот на НАТО за колективна одбрана“, се наведува во соопштението.Во саботата Вашингтон, Сеул и Токио завршија тридневни големи заеднички воени вежби наречени „Работ на слободата“ во кои учествуваа поморски уништувачи, борбени авиони и американскиот носач на авиони Теодор Рузвелт на нуклеарен погон, чија цел е зајакнување на одбраната од проектили, подморници и воздушни напади, наведува „Гардијан“.Вежбата беше осмислена на самитот во Кемп Дејвид минатата година за да се зајакне воената соработка во услови на тензии на Корејскиот полуостров поврзани со севернокорејските тестови на оружје.Заедничката вежба на САД, Јужна Кореја и Јапонија, исто така, доаѓа откако рускиот претседател Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун овој месец потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“ кое вклучува меѓусебна воена помош без одлагање доколку која било од страните биде под вооружена напад.

Пронајдете не на следниве мрежи: