Русија до 13 часот извела повеќе од 30 напади

Русија до 13 часот извршила повеќе од 30 напади врз цивилната и воената инфраструктура во Украина, се наведува во извештајот на Генералштабот на украинската армија, што го пренесуваат агенции.
„Вооружените сили на агресорот извршија повеќе од 30 напади со крстосувачки ракети „калибер“, а извршија и повеќе ракетни напади. Во нападите учествуваа авијацијата и артилеријата, чија цел беше цивилната и воената инфраструктура во Украина“, соопшти Генералштабот.

Се додава дека „непријателот ја продолжува офанзивата од воздух, како и дека ја преминал украинската граница во правците Аријанск-Херсон, Чаплинка-Каховка“.
Според украинскиот Генералштаб, забележена е засилена активност на диверзантско-извидувачки групи во оперативната област Бесарабија и во Црноморската оперативна зона на Украина.
Поголем дел од Здружените украински сили се преминати на одбранбени операции. Оперативно-тактичките групи водат одбранбени борби во сите правци во кои непријателот напредува“, се додава во соопштението на Генералштабот на украинската армија во Киев.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.