Русија се обидува да регрутира африкански платеници по големите загуби во Украина

Русија се обидува да ги компензира „значителните загуби“ со регрутирање војници од африканските земји, соопшти Министерството за одбрана на Обединетото Кралство.Украинското разузнавање извести за зголемени руски напори за регрутирање од неколку африкански земји во последните денови, пишува skynews .„Оваа акција за регрутирање најверојатно ќе биде обид да се заменат значителните загуби на бојното поле и да се одржи офанзивната активност на целиот фронт“, велат од МО.„Русија веројатно ќе го прошири своето регрутирање низ глобалниот југ за да избегне дополнителни мобилизации во самата Русија.Тој додаде дека претходните мобилизации во Русија резултирале со рекорден недостиг на работна сила и масовен егзодус на квалификувани работници.Инаку, Русија ја започна неоправданата инвазија на украинската држава на 24 февруари 2024 година, предизвикувајќи илјадници жртви и голема материјална штета.

Пронајдете не на следниве мрежи: