Руските нуклеарни сили вежбаат интензивен нуклеарен напад!

Вежбите на руските стратешки сили за задржување се одржуваат под команда на претседателот Владимир Путин.

Извештајот го поднесоа министерот за одбрана Сергеј Шојгу и началникот на Генералштабот Валериј Герасимов.

Герасимов рече дека во вежбите на стратешките нуклеарни сили учествуваат мобилниот систем „Јарс“, нуклеарна подморница и два стратешки ракетни носачи.

Како што се наведува во соопштението на Кремљ, за време на вежбите, интерконтиненталната балистичка ракета Јарс била лансирана од космодромот Плесецк на полигонот Кура во Камчатка.

Дополнително, од атомската подморница „Тула“ е испукана и балистичката ракета „Синјева“.

Авионите со долг дострел Ту-95МС истрелуваа проектили како дел од воените вежби.

Според министерот за одбрана Сергеј Шојгу, руските стратешки нуклеарни сили вежбаат интензивен нуклеарен напад како одговор на нуклеарниот напад на противникот.

Вооружените сили на Русија ја проверија и обуката на воените командни тела, работните вештини на раководниот и оперативниот персонал. Задачите планирани за време на обуката беа целосно реализирани.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.