САД ја проширија „црната листа“

Денеска, Соединетите Американски Држави додадоа шест компании на списокот на трговски ограничувања, вклучително и четири поради поврзаноста со обуката на кинеската војска, се вели во соопштението на владата во Вашингтон.Станува збор за по две компании од Кина и Обединетите Арапски Емирати, како и по една од Јужна Африка и Велика Британија, пренесува Ројтерс.За компаниите ставени на списокот познат како „Список на ентитети“, односно според трговските ограничувања на Министерството за трговија, потребни се дозволи за снабдување со американски стоки и технологија, а таквите барања генерално се одбиваат.Во соопштението се вели дека Global Training Solutions Limited и Smartech Future Limited од Кина, како и Grace Air од Јужна Африка и Livingston Aerospace Limited од Обединетото Кралство, се ставени на листата поради нивните врски со Академијата за тестирање летови во Јужна Африка и обука на кинеската воена сила.„Таквата активност е спротивна на националната безбедност и надворешнополитичките интереси на Соединетите Американски Држави“, се вели во соопштението.Компаниите од Обединетите Арапски Емирати „Mega Fast Cargo“ и „Mega Technique Trading“ се ставени на листата за избегнување трговски правила, а првоспоменатата компанија и затоа што испорачува стока од американско потекло во Русија, пренесува агенцијата.

Пронајдете не на следниве мрежи: