Светските лидери на самитот на Г7 го изненадија германскиот канцелар со роденденски честитки

Самитот на Г7 во Италија имаше среќен момент кога светските лидери се собраа да му посакаат роденден на германскиот канцелар Олаф Шолц.На видеото од настанот се гледа како премиерот на ОК Риши Сунак, францускиот претседател Емануел Макрон, италијанскиот премиер Џорџија Мелони, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и канадскиот премиер Џастин Трудо го поздравуваат Шолц.Потоа им се придружил и американскиот претседател Џо Бајден, пренесува Телеграф.Не поминало долго пред челниците да му ја пеат роденденската песна на Шолц, кој им се заблагодарил за гестот. @teambundeskanzler Happy Birthday, Olaf! #G7 #Bundeskanzler #Kanzler #OlafScholz ♬ Originalton – TeamBundeskanzler Инаку, Олаф Шолц ја извршува функцијата канцелар на Германија од декември 2021 година.Тој е член на Социјалдемократската партија на Германија (СПД).Пред да стане канцелар, Шолц имаше неколку клучни политички функции, вклучително и заменик-канцелар и министер за финансии во коалициската влада на Ангела Меркел од 2018 до 2021 година.Познато е дека заедно со Џо Бајден, Риши Сунак, Џастин Трудо, Олаф Шолц, Емануел Макрон и Урсула фон дер Лајен, на самит. 

Пронајдете не на следниве мрежи: