Седум лица загинаа во руски ракетен напад врз Вилњанск во Украина

– Украинските власти соопштија дека вчера во руски ракетен напад врз Вилњанск во Украина загинале седум цивили, меѓу кои три деца, а повредени се повеќе од 30 лица, од кои осум деца.Нападот бил изведен во 17:40 часот по локално време кога руски проектили го погодиле центарот на градот, предизвикувајќи пожар кој пожарникарите го гаснеле неколку часа.Бомбардирањето предизвика значителна штета на станбени згради, продавници, аптека, клучната инфраструктура и возила во центарот на градот.Меѓу жртвите има и луѓе кои биле на улица во моментот на нападот.Седуммина од повредените се хоспитализирани. Четири возрасни и едно дете се наоѓаат во критична состојба.

Пронајдете не на следниве мрежи: