СИЛНА ВОЛЈА ЗА РЕФОРМИ ВО АДМИНИСТРАЦИЈАТА: Министерот Минчев и амбасадоркат Агелер ја истакнаа заедничката заложба

Амбасадорката на САД во Република Македонија, Ангела Агелер и Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денеска одржаа состанок на кој ги истакнаа силните и трајни односи како и нивната заедничка посветеност за промовирање на добро владеење и ефективна департизирана јавна администрација.

На средбата стана збор за зајакнување на билатералните односи и истражување на можностите за соработка во јавната администрација и управувањето.

Амбасадорката Агелер и министерот Минчев разговараа за иницијативите за подобрување на јавните и дигиталните услуги, како и промовирање на транспарентноста и одговорноста во владините институции.

Од страна на Агелер беше силно изразена посветеноста да ги поддржи нашите заложби за модернизирање на јавната администрација и воедно ја истакна важноста од континуирано партнерство меѓу двете нации.

Двете страни се согласија за потребата од тековен дијалог и соработка за справување со заедничките предизвици и унапредување на заедничките интереси. Исто така, Минчев ја потенцираше важноста од отворен дијалог меѓу сите засегнати страни при одлучување за сите актуелни и идни законски решенија.

Министерот Минчев ја истакна силната волја за реформите во јавната администрација и ја поздрави поддршката од САД.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.