Српски медиум посети маркет во Скопје и со шокираше со цените

Српскиот медиум „Нова“, беше во посета на Скопје, каде посети маркет, и ги спореди цените со Србија.

„На прв поглед, полиците во продавниците во Беоргад и Скопје изгледаат слично – се продаваат исти производи, а доминантните производители се исти. Но, на прв поглед се гледа дека цените не се исти, односно во Белград се повисоки“.

Екипата на порталот Нова.рс се прошета низ полиците на маркет во центарот на Скопје и по тој повод ги проверивме цените на основните прехранбени производи, како и производите што може да се купат овде.

Заклучокот е поразителен – сите производи се поевтини во Скопје, па и оние што се произведуваат овде.

Што се однесува до млекото, во зависност од производителот и процентот на млечна маст што го содржи, во Северна Македонија чини просечно 60 денари, што е околу 115 динари, додека млекото во Србија се продава за повеќе од 150 динари за литар.

Што се однесува до јогуртот, конкретно од 2,8 отсто млечни масти, потрошувачите во Србија плаќаат околу 180, а во Северна Македонија истиот производ чини 70 денари, значи нешто повеќе од 130 динари.

Овошје и зеленчук
Килограм морков во Северна Македонија чини 74 динари (39 денари) и ова е уште еден производ кој е поевтин од Србија, ако се земе предвид дека килограм од овој зеленчук овде во просек чини 90 динари.

Поевтин е и кромидот кој чини 50 динари (26 денари) за килограм, додека цената во некои продавници во Србија е двојно повисока.

Доматите чинат 97 динари, односно 51 динар за килограм, додека на еден белградски пазар оваа храна чини 170 динари.

Килограм банани во Скопје чини 135 динари, а во Белград до 200 динари. Лимоните се поевтини и во оваа соседна земја, кој таму чини 180 динари (95 денари), а овде 220 динари за килограм.

Месо и месни производи

Во маркетот што го посетивме во Скопје се продава само пакувано месо.

Така, килограм пилешко филе чини 259 динари, што е помалку од 500 динари. Во Србија просечната цена на месото е многу повисока, 800 динари.

Што се однесува до месните производи, забележавме исечено месо од српски производител, кое се продава по 45 денари (85 динари) за 100 грама, додека истото овде чини околу 140 динари.

Сувомесните производи во Скопје очекувано чинат помалку отколку во Белград.

На пример, килограм пилешки гради чини околу 320 динари (325 денари), а кај нас овој производ надминува 1.000 динари, па во некои продавници оди и до 1.200.“, наведува порталот.

Целиот текст на српскиот портал „Нова“ ТУКА.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.