СТЈУРДЕСА СНИМИЛА МИСТЕРИОЗНА ПОЈАВА НА НЕБОТО: „Го прашав пилотот што е тоа, но тој беше збунет“ (ВИДЕО)

Стјуардеса снимила мистериозен феномен на небото за време на летот на Везер од Лутон до Полска.

Дениса Танасе (36) низ прозорецот ја видела неверојатната сцена на небото над Полска и решила да ја сними со камерата на својот мобилен телефон. Таа го прегледа видеото 20 минути подоцна и забележа како што верува дека е неидентификуван летечки објект.

Една година сум стјуардеса и никогаш не сум видела нешто слично – вели Танасе.

Стјуардесата вели дека им го покажала видеото на пилотите и ги прашала дали знаат нешто за тоа.

Сите бевме збунети. Пилотите не виделе ништо додека летале и немало турбуленции – вели стјуардесата.

Тврди дека НЛО имало облик на круг што светка розово.

– На почетокот мислевме дека можеби е одраз на нашата розова униформа, но на видеото може да се види движење. Се гледа како лета – вели стјуардесата.

Дениса и покрај тоа што е збунета, не е загрижена за видеото. Таа наведува дека секогаш се прашувала дали постои вонземски живот, но сега е сигурна дека постои.

-Вакви работи веќе имам видено на интернет и отсекогаш мислев дека е фотошоп, меѓутоа, сега го имав сам на видео. Дефинитивно верувам повеќе сега отколку порано. Моето семејство и пријателите мислат дека дефинитивно се вонземјани. Мојот сопруг рече дека ми верува – вели Танасе.

Пронајдете не на следниве мрежи: