Судските преведувачи треба да ги променат печатите

“Министерството за правда ги известува сите поставени постојани судски преведувачи дека согласно Амандманот XXXIII на Уставот на Република Македонија потребно е да направат промена на печатите за постојани судски преведувачи и наместо ‘Република Македонија’ да стои името ‘Република Северна Македонија“, неведено е во соопштението кое Министерството за правда го објави на својата веб страна.
Согласно Уставниот закон за спроведување на амандманите од XXXIII до XXXVI на Уставот на Република Македонија, ве известуваме дека не е потребно да се прави промена во решенијата кои се издадени од страна на Министерството за правда, се додава во соопштението.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.