Тажен крај! Пронајдено е телото на девојчето (7) кое беше исчезнато во Романија: Малечјата исчезна од дворот, пронајдено со видливи траги на насилство

Двегодишната Раиса Марија, која исчезна вчера во Долж, е пронајдена мртва недалеку од нејзиниот дом.Телото на девојчето со траги на насилство било пронајдено во нива на околу 400 метри од нејзиниот дом.Малата Раиса Марија исчезнала вчера во раните попладневни часови, додека си играла со другите деца во дворот. Родителите најпрво мислеле дека таа отишла кај баба и’ која е на само неколку метри. Меѓутоа, набрзо сфатиле дека детето никогаш не стигнало до својата бабаПотрагата започна веднаш. Во текот на целата ноќ на терен беа повеќе од 150 полицајци, волонтери и граѓани, а во потрагата беа вклучени хеликоптер, дронови и кучиња трагачи. За жал, телото на девојчето било пронајдено утрово околу 10 часот, а се претпоставува дека е убиена.Тело пронајдено во густа вегетацијаСпоред романските медиуми, телото на девојчето било пронајдено во густа вегетација.Засега не е познато дали некој е приведен.Полицијата само соопшти дека телото е пронајдено и дека истрагата е во тек.Да потсетиме, Романија пред два дена ја потресе веста за смртта на осумгодишното девојче Марија, која беше силувана и убиена, а нејзиното тело потоа беше фрлено во атар на селото. За убиството е осомничен братот на нејзиниот очув.

Пронајдете не на следниве мрежи: