Тие не постојат, а имаат милиони следбеници на социјалните мрежи

На сите ни се познати денешните инфлуенсери кои го достигнуваат нивото на популарност на големите ѕвезди, пласирајќи различни брендови на своите следбеници. Овој концепт отиде чекор понатаму кога „Лил Микела“ се појави на Инстаграм во 2016 година. Содржината што ја објави не се разликуваше особено од се што сме виделе досега и изгледаше како типичен профил на 19-годишна девојка. Сепак, разликата е во тоа што Микела воопшто не постои. Тоа е компјутерски генериран виртуелен профил.

Тие не постојат, а имаат милиони следбеници на социјалните мрежи

Начинот на кој овие ликови ги прикажуваат нивните интеракции со луѓето и светот околу нив е многу различен од анимираните или холограмските ликови кои понекогаш настапуваат на концерти. Во објавите на овие инфлуенсери можеме да го видиме нивното секојдневие, како уживаат со пријателите, присуствуваат на настани и живеат како вистински луѓе. Покрај спонзорирањето на Инстаграм, овие виртуелни личности често прават песни и соработуваат со уметници или големи модни куќи.

Виртуелните инфлуенсери го прикажуваат својот живот кој изгледа толку веродостоен, што многумина на почетокот се прашуваа дали се работи за вистинска личност или не. Интересно е што, иако многумина знаат дека нивниот омилен лик не постои, не се двоумат да ги поддржат и промовираат нивните профили или канали. Овој тип на развој на социјална мрежа може да се гледа како уште една гранка на Metaverse. Покрај фасцинацијата на јавноста, зошто компаниите ги гледаат како добра деловна можност?

Важно е дека нивното однесување, изјави и ставови може да се филтрираат и контролираат. Не постои ризик од скандал што може да ја наруши репутацијата на брендот. Samsung, Balman, Ikea се само дел од брендовите кои своите кампањи им ги доверија на виртуелни лица.

Исто така, „роботските“ лица – инфлуенсери и гестовите вметнати во реалниот свет и ситуации создаваат интриги и привлекуваат внимание. Многумина на социјалните мрежи коментираат дека не им се допаѓа овој концепт, но во исто време не можат да го тргнат погледот. Некои ја прифаќаат ваквата промена, сметајќи дека е во склад со времето во кое се наоѓаме, додека други стравуваат дека тоа ќе стане норма за неколку години и дека може негативно да влијае на нашата перцепција за реалноста.

Зад ваквите инфлуенсери стои тим од инженери, аниматори и уметници кои ја споделуваат желбата да развијат ликови и приказни кои можат позитивно да влијаат на луѓето на модерен, технолошки начин. Американската компанија Brud ја направи Микела со надеж дека јавноста постепено ќе ги прифати обединувачите на дигиталниот и реалниот свет.

По Микела се формираа уште неколку инфлуенсери од овој тип, со различни слики и карактеристики. Меѓутоа, како што расте нивната популарност, така растат и сомнежите во јавноста. Во моментов, не може со сигурност да се каже дека ваквите профили ќе го заменат реалниот свет и луѓето на мрежите и во бизнисот. Во исто време, веројатноста дека некој од нас ќе се сретне со Кајли Џенер и Микаела е подеднакво мала, па може да се запрашаме дали ваквата дигитализација е навистина голем проблем?

Пронајдете не на следниве мрежи: