Тие се најдолговечните луѓе во Европа: Страсни пушачи, консумираат алкохол, но се грижат за овие работи! (фото)

Жителите на Шпанија се страсни пушачи, консумираат алкохол, но внимаваат на исхраната, вежбањето и социјалниот живот прилагоден на урбаните навики.Долгиот живот и доброто здравје се поврзани со бруто домашниот производ по глава на жител.Институтот за здравје на Универзитетот во Вашингтон неодамна ги објави резултатите од истражувањето за долговечноста по земји до 2050 година. Меѓу 20-те земји во кои жителите живеат до длабока старост се Швајцарија, Јапонија, Данска и Јужна Кореја.Најстарата личност на светот е Шпанката Марија Брениас Мореа, која има 117 години.
Récord Guinness. La española María Branyas es la mujer más longeva del mundo. El lunes pasado cumplió 117 años: “Estoy viviendo más años de la cuenta. La muerte es una visita esperada. Hace tiempo que estoy preparada y pienso que pronto me vendrá a buscar”, comentó. pic.twitter.com/ZuPkQlbKD8— La Historia USA (@LaHistoriaUSA) March 11, 2024
Според новото истражување, просечниот животен век во Шпанија до 2050 година ќе биде 85,5 години, што е повисоко од просечниот животен век во Данска, кој е 83,5 години.Повеќето истражувачи мислат дека причината лежи во начинот на исхрана, кој е медитерански и се базира на риба, житарки, овошје и зеленчук.Нов начин на исхранаКако што е наведено во истражувањето, многу луѓе посетуваат ресторани кои нудат масна, пржена, зачинета храна и сето тоа го конзумираат со алкохол.Овие информации укажуваат на фактот дека се промениле и медитеранските навики во исхраната.Жителите на Шпанија се страсни пушачи, консумираат и алкохолни пијалоци и дрога и се водечки во овој поглед во Европа.Постојат сини зони во светот, каде стогодишниците живеат според нивните сопствени рецепти и правила. Овој термин се однесува на географските региони каде што живеат најстарите луѓе во светот. Тоа се Икарија во Грција, Сардинија во Италија, Окинава во Јапонија, Никозија во Костарика, Лома Линда во Калифорнија…За ова во својата книга напишал и Американецот Ден Батнер, каде објаснил зошто се зголемува животниот век на жителите на јужна Европа. Тој изјави дека целиот процес на стареење и должината на животот е поврзан со генетиката на предците.Предци наследство – планинарење што го продолжува живототПредците на овие народи се движеле многу, а студијата од 2017 година покажала дека Шпанците предничат во одење и дека нивниот просек е 5.936 чекори дневно.Градовите во Шпанија се речиси пренаселени, па Шпанците повеќето од нивните секојдневни задачи ги завршуваат пеш.Според истражувањето спроведено од американските компании „Галуп“ и „Мета“, околу 76 отсто од Шпанците чувствуваат социјална поддршка.Водачот на истражувањето и шеф на „Галуп“ Џон Клифтон, истакна дека Шпанците, сепак, не се задоволни од работата што ја работат.Тие го негуваат семејството и пријателстватаЖителите на Шпанија се четврти во светот според силните семејни врски.Многу млади немаат можност да купат стан, па често во едно семејство живеат неколку генерации.Земјите од југот на Европа не се меѓу најсреќните земји во Европа, со што може да се пофалат Данска и Финска, но, без разлика, тие се задоволни од животот.

Пронајдете не на следниве мрежи: