Украина тврди дека вака собориле руски авион Су-25: Авионот тргна во напад, ракетата полета, видеото е страшно

Соборувањето на рускиот авион наводно се случило пред два дена, во моментот кога Су-25 придружуван од друг идентичен авион извршил напад врз украинските сили.Украинската војска тврди дека соборила руски борбен авион Су-25 во близина на Покровск во областа Доњецк.„Киев пост“ пишува дека единиците за противвоздушна одбрана собориле авион што се подготвувал да ги нападне украинските позиции.Соборувањето на рускиот авион наводно се случило оваа недела, во моментот кога Су-25 придружуван од друг идентичен авион извршил напад врз украинските сили.На социјалните мрежи е објавено видео од пукањето, чија автентичност не може самостојно да се потврди.На видеото се гледаат два Су-25 како летаат, а потоа проектил соборува едно од леталата. Не се знае каде и кога точно е направена оваа снимка. Исто така, не беше прецизирано со кое оружје е соборен рускиот авион.

Пронајдете не на следниве мрежи: