Фрлени остатоци и од животни: Граѓаните маки мачат со смрдеа од дива депонија во Лисиче!

Денеска на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК), околу пладне, се добиени неколку пријави за многу лоша смрдеа од дива депонија во населба „Лисиче“, Општина Аеродром. Граѓаните пратија и фотографии од локацијата, каде што биле фрлени животински остатоци и кожи од одрани животни, а покрај силната многу лоша смрдеа, посочија дека нивното распаѓање и разнесување на делови од страна на други животни можело да предизвика и дополнителна контаминација на околината со бактерии.

Веднаш по пријавата, од Секторот за операции и координација на ЦУК, преку дежурните оперативци на РЦУК Скопје е контактирано со надлежни служби. Притоа, во координација со одговорната на дежурната служба на Комунална хигиена на Град Скопје, е остварена акција за чистење на фрлените работи и животински остатоци и кожи од одрани животни. Конкретно, по слично отстранување отпадоци и фрлени работи од органско потекло кај ТЦ „Мавровка“, екипата на Комунална хигиена се упатила во населбата „Лисиче“ и попладне ги отстраниле фрлените работи од дивата депонија што создавале многу лоша смрдеа и што биле потенцијална опасност и за можни понатамошни контаминации на средината и можни инфекции за луѓето.

Граѓаните, коишто го пријавија случајот на опасна смрдеа и локацијата на фрлените работи, по акцијата на отстранување на опасноста од фрлените работи, се јавија за да заблагодарат за итното реагирање и решавање на нивниот проблем, што според нив ако се чекало повеќе на високите температури можело да предизвика и други несакани димензии.

Пронајдете не на следниве мрежи: