Црвена Младина: Преспанскиот договор е реалност само за корумпираните политичари

Соопштение на Црвена Младина
Денес навршуваат шест години од потпишувањето на поразителниот Преспански договор, со кој корумпираната политичка елита им го забрани на младите луѓе и идните генерации природното право на самоопределување и да ја нарекуваат својата држава #Македонија!

Оваа неправда младиот човек нема да ја проголта! Само корумпирани политичари би се согласиле со овој вазалски договор и истиот би го прифатиле како реалност, бранејќи го неговото непрекршување и почитување. Секој млад, слободоумен и чесен човек има должност да се спротистави на најголемата неправда во поновата историја причинета на македонскиот народ.

Непочитувањето на овој договор е наше право, борбата за исправање на оваа неправда е наша должност!

Црвена Младина како прогресивна сила на слободоумниот млад човек никогаш нема да се согласи со наметнатите неправди кои ја ревидираат македонската историја, го погазуваат македонскиот јазик, го ерозираат македонскиот идентитет и го забрануваат името Македонија. Борбата за Македонија, веројатно, ќе биде клучната битка на нашата генерација! – На крајот, сепак, ние Ќе Победиме.

Пронајдете не на следниве мрежи: