Чедо Радомировиќ починал предмалку во болница откако повреден беше најден кај село Орман

Во болница починал Чедо Радомировиќ. Тој со повреди беше пронајден кај селото Орман.

Околу 19 часот во село Орман во близина на магацините на МВР во паркирано возило марка „Лексус“ бил пронајден познатиот бизнисмен со нанесена повредна во пределот на главата.

До него бил пронајден пиштол и чаура.

Радомировиќ давал знаци на живот и со возило на Брза помош бил префрлен на скопските клиники, каде подоцна им подлегнал на повредите.

На лице место се уште се врши увид од страна на екипи.

Во 2005 година тој беше уапсен поради вмешаност во пирамида, во друштво на десет даночни затајувачи. Овој бизнисмен своевремено беше познат по тоа што беше прилично близок со ВМРО-ДПМНЕ. Беше поранешен газда на Радо банка, а од 2003 година оваа банка беше купена од контроверзниот бизнисмен Јовица Стефановиќ-Нини. Но, ни тој не успеа да ја спаси банката која од беше доведена во лоша состојба, па мораше да биде турната во стечај и ликвидација. Во сопственост на Радомировиќ беше и градежната фирма Македонија инвест.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.