Шестмина задавени и еден со отсечена глава најдени во Мексико

Тела на шестмина задавени и едно со отсечена глава најдени се во недела во мексиканскиот туристички град Канкун.

Ова е најново масовно убиство што го снајде овој град во последните неколку седмици, пренесе Reuters.
 Полицијата пронашла тела на пет маши и две жени во една барака на периферијата на Канкун, големо туристичко место на карипскиот брег на Мексико, кој во главно избегнува насилство, поврзано со трговија со дроги, кои го погодуваат Акапулко, туристичка дестинација на атланскиот брег на таа земја.
 „Изгледа дека жртвите се независни трговци со дрога кои не биле поврзани со некој одреден картел”, вели заменик државниот обвинител на мексиканската држава Квинтана Ро, Хуан Игнасио Хернандез.
 Полицијата соопшти дека за убиствата се осомничени седум мажи.
 Минатиот месец шестмина беа убиени, а петмина повредени кога двајца мажи отворија оган во еден бар во предградието на Канкун, а вчера полицијата во Канкун нашла тело на уште еден убиен маж.
 Во Мексико од 2007 година убиени се повеќе од 70.000 луѓе во немири, поврзани со трговија со дрога.
Тела на шестмина задавени и едно со отсечена глава најдени се во недела во мексиканскиот туристички град Канкун.

Пронајдете не на следниве мрежи: