Јасмин од Србија убил бремена жена во Словачка! Нови детали од грозоморното злосторство: Откриено е што му претходело на хоророт (ФОТО)

Бремена жена од словачкиот град Сладковичева била убиена од невенчаниот партнер од Србија по жестока расправија во семејниот дом!Младиот човек, чие име е Јасмин, според неофицијалните информации од локалните медиуми, директно ја избодел во стомакот својата девојка Моника (32), која наводно била во четвртиот месец од бременоста. После тоа, Јасмин наводно истрчал до железничката станица, каде се самоубил фрлајќи се под возот.Жителите на мирната улица велат дека околу 7 часот наутро слушнале расправија која доаѓала од куќата. Моника наводно сакала да оди на работа, додека Јасмин бил против. Дошло до расправија која завршила фатално.-Слушнав само дека тој што ја избодел жената потоа се фрлил под воз – рекол еден од мештаните.Злосторството било откриено кога полицијата дошла во текот на истрагата да ја извести Моника дека Јасмин починал. Но, никој не им ја отворил вратата, а потоа влегле внатре заедно со нејзиниот син кој има 12 години.Жената била пронајдена на земја со крвав стомак и без знаци на живот. Веднаш повикале брза помош, но повредите биле фатални.– Лекарот можеше да констатира само смрт – изјави портпаролката на Оперативниот центар на ЗЗС, Петра Климешова.Веднаш пристигнало засилување, а просторот околу куќата бил ограден. Инспекторите барале информации од соседите и побарале снимка од камерата.Мештаните велат дека Моника била разведена и имала син од претходниот брак. Таа пред четири години купила куќа во селото и живеела со синот и сегашниот партнер Јасмин, со кој била бремена.Мештаните наведуваат и дека не многу луѓе ги виделе и дека никогаш досега не слушнале расправија од куќата или од дворот.

Пронајдете не на следниве мрежи: