Ќе воведе ли ЕУ лични санкции против Владимир Путин?

Европската унија би можела да разговара за лични санкции против Владимир Путин, според извештајот на Блумберг, поради рускиот напад врз Украина.
Рускиот претседател Владимир Путин рано утринава соопшти дека донел одлука Русија да започне специјална воена операција во Донбас.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг побара од Русија веднаш да ја прекине воената акција и да го почитува територијалниот интегритет и суверенитет на Украина. Украина објави снимка на која се гледаат руски конвои од правец на Крим како се движат кон внатрешноста на Украина.
Крим донесе одлука да ги затвори сите гранични контролни пунктови со Украина до дополнително известување.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.