Земјоделците го поздравуваат исплаќањето на субвенциите

По завршувањето и комплетирањето на процедурата по првата исплата на производителите на млеко за неколкуте фази кои што ги предале на производителските капацитети и предадената оризова арпа кај купувачите од реколта 2015 која што веќе е реализирана и е во тек, следува следна исплата до крајот на месецов т.е поточно до крајот на неделата на вкупно околу 3 милиони евра исплата во делот на производство на млеко и предавање на производителските капацитети, а паралелно со тоа е отпочната и постапката за обработка на документацијата за барањето од полјоделците оние кои што поднеле барање за исплата на субвенции, а тука се опфаќаат сите житни култури, градинарството, оризопроизводителите од реколта 2016 година, истакна Ванчо Костадиновски, заменик министерот за земјоделство шумарство и водостопанство.-Ова е посебно значајно кај полјоделците, најголемиот регион ќе ги опфати исплатата, пелагонискиот регион и земјоделците кои што најповеќе учествуваат во делот на производството на полоделски култури и житни култури од пелагонискиот регион исто така за градинарството посебно во делот на струмичкиот регион, скопскиот регион и останатите производители на градинарски кулури. Исто така оризопроизводителите посебно значајно за оние од кочанскиот регион и од источниот регион и посебно значајно е дека продолжуваме со целосна исплата на субвенциите предвидени во програмата за 2016 година согласно законскиот рок кој не обврзува до 30 јуни 2017 година во целост да ги исплатиме сите производители на овие култури, па и оние кои што произведуваат со сертифициран семенски материјал, понатаму поддршка во вид на субвенции на оние кои произведуваат месо, оние што се занимаваат со сточарство, било да е тоа говедарство, козарство, свињарство како и пчеларство, а сето ова севкупно изнесува 60 милиони евра, потенцираше Костадиновски.
Тој потенцираше дека првата категорија за производители на житни куптури како и ориз, полјоделството и лозарството кои го опфаќа тиквешкиот регион можат реално да ги очекуваат средствата предвидени во програмата 2016 година и да ги добијат на својата сметка некаде во втората половина на април, а континуирано ќе се продолжи и со исплата на другите субвенции до крајниот рок 30 јуни 2017 година, а севкупната вредност на овие субвенции ќе опфати некаде околу 60 милиони евра и средствата се обезбедени од буџетот на Република Македонија и ќе се реализира преку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Данчо Милески од сојузот на здружението на производители истакна дека се откупени околу 25 милиони килограми тутун, што значи дека треба да се исплатат околу 25 милиони евра, а парите на сметките на тутунарите ќе легнат од април до јуни годинава.
-Ние како сојуз на здружение на производители имаме добра соработка со владата на Република Македонија и во текот на вчерашниот ден стапивме во контакт кога ќе бидат исплатени субвенциите на тутунарите. Од заменик министерот добивме потврден одоговор дека со ажурирање на списоците од страна на откупните компании и со самото доаѓање во Министерството за земјоделие во април, или до законскиот рок до 30 јуни ќе бидат исплатени субвенциите на тутунарите, изјави Данчо Милески.
-Ова зна нас значат многу нешта бидејќи во новата година имаме доста трошоци, наемнини, закупнини како и ѓубрива и други потребни работи. Со сигурност онаа фама што се крена меѓу народот дека субвенциите нема да се исплатат, јас ја демантирам со зборовите на заменик министерот Ванчо Костадиновски кој што потврдно ми одговори дека тутунарите субвенциите ќе ги добијат секако од април до крајот на јуни, рече Милески.
Вељо Тантаров истакна дека ветувањето на министерот за земјоделство шумарство и водостопанство господинот Михаил Цветков  наскоро ќе биде остварено и дека субвенциите ќе стигнат навреме, а некој кој сееше страв дека субвенциите за 2015 година пропаднаа не беа во право.
-Тоа ќе значи обезбедување на средствата за навремено и квалитетно извршување на престојната битка за поголемо производство на храна што требало да се организира на околу 2.000 хектари обработлива површина вклучувајќи тука овошни, лозови, градинарски култури, пченка, како и сончоглед и други култури кои се произведуваат на нашево подрачје. Според информациите од разговорите со директорот Игор Златков, субвенциите прво ќе ги добијат производителите на млеко и други сточарски области, а потоа ќе се плаќаат и за полјоделството. Ние се надеваме дека сите заостанати субвенции за 2015 година кои требаше да се платат во 2016 година, но тоа не се оствари поради циркусите кои што се прават кај нас и сегашнава криза ќе бидат исплатени за време на велигденските празници. Многу експерти кои се прават за експерти во нашава држава кажуваат дека субвенциите во земјоделството се фрлени пари во буре без  газер, сметам дека тие прво не го познаваат аграрот. Субвенциите во нашава држава не се големи, меѓутоа се добредојдени за нашиве и мали и големи земјоделци, истакна Тантаров.
Директорот на Платежната агенција Игор Златков, вели дека пари има и тие се префрлаат етапно. Најпрво, комплетната, претходно проверена документација директно на терен, се доставува до Агенцијата на потпис, врз основа на тоа се потпишуваат налозите и потоа парите се пуштаат во трезорот, а оттаму кај корисниците на поддршката.
Според Златков, логично е дека најпрво ќе се реализираат субвенциите од 2015 година чија исплата не е заборавена, туку е забавена поради контролите. Станува збор за многу мал процент за градинарство, поледелство, лозарство, овоштарство, овчарство, сертифицирано семе и саден материјал, говедарство, козарство, свињарство, пчеларство и живинарство.
– Субвенциите од 2015 година кои сега ќе се реализираат, не се заборавени исплати, туку се исплати кои биле предмет на контрола. Платежната агенција исплаќа поддршка само врз основа на направена контрола. Тоа значи дека ако некој предал жито, млеко,…, ние треба да појдеме на терен, да провериме кај се тие документи, каде производителот предал, во кое откупно претпријатие, па дури тогаш правиме налог за исплата. Оттука, сите останати субвенции од 2015 година биле предмет на контрола, а процесот се одолговлекол зашто лицата кај кои е вршена проверка или не биле дома или ја немале комплетната документација…, објасни директорот.
Тој вели дека се се точни тврдењата дека нема пари во државата. Околу 92 до 93 милиони денари се легнати на сметка на Платежната агенција, административната бариера од аспект на неговата документација е надмината и само во вторник се потпишле налози за исплата на 224.571.508 денари кои од кај нив одат во трезор, а оттаму на сметка на земјоделските стопанства.
– Откако ќе ги достават списоците сите претпријатија кои откупуваат тутун, на производителите кои ја предадоа реколтата, треба да им исплатиме 1.500.000.000 денари.  Наскоро се планира подготовка и на овие предлог-решенија од програмата за 2017 година, дополни директорот.
За директните субвенции во 2017 година Владата има обезбедено 100 милиони евра, но поради различното толкување на Изборниот законик по последните парламентарни избори дојде до пречки во нивното исплаќање. По стапувањето на Златков на функцијата директор на Платежната агенција, исплатата продолжува непречено.-Ова е посебно значајно кај полјоделците, најголемиот регион ќе ги опфати исплатата, пелагонискиот регион и земјоделците кои што најповеќе учествув

Пронајдете не на следниве мрежи: