Смртна казна за папата Бенедикт Шеснаесетти

Еден професор од Универзитетот во Грац, бара да се пресуди смртна казна за папата Бенедикт Шеснаесетти. 
Професорот по музичка наука на веб страната на Универзитетот обкавил натпис во кој го изразува своето незадоволство од забраната на користење на контрацепција од страна на католичката црква и папата. 
Професорот го обвинува папата за милиони смртни случаи од ХИВ/СИДА, доколку имаат сексуални односи без заштита. 
Тој изјавил дека треба да се пресуди смртна казна за оној кој ќе биде одговорен за милиони мртви низ светот. 
Универзитетот во Грац ја повлекува одговорноста од начинот на искажување на мислење од страна на професорот и дел од коментарите на неговиот натпис на веб страната се повлечени. 
Деканот на Универзитетот се извинува за оваа неочекувана реакција на професорот по музичка наука и реши да го суспендира професорот на некое време. Во меѓу време неговиот натпис е отстранет од веб страната. 
 
 
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: