Кошаркарите на Лос Анџелес Клиперси се третата екипа во историјата на НБА лигата која еден месец заврши без пораз.
Клиперси во „Стејпс Центарот“ ја совладаа екипата на Јута Џез со резултат 107-96. За најдобрата екипа од лигата ова беше 17-та победа редоследно, што е голема низа на победи, но не подобра и од онаа на Бостон пред четири години кога Селтикси славеа 19 победи редоследно.
Прв стрелец на Клиперси на мечот беше Карон Батлер со 29 поени, Крис Пол уфрли 19 коша и девет асистенции, додека пак Џамал Крафорд имаше 19 коша.
Utah Jazz 96-107 LA Clippers
Резултати…
Los Angeles Clippers – Utah 107-96 (Butler 29k, Paul 19k, 9a / Jefferson 30k)
Sacramento – Boston 118-96 (Thomas 27k, Salmons 23k / Pierce 20k, Terry 20k)
Dallas – San Antonio 86-111 (Collison 18k / Parker 21k, 9a, Ginobili 20k)
Detroit – Milwaukee 96-94 (Prince 20k, Monroe 14k, 10s / Ellis 30k, 9a)
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: