Познати личности за кои сте мислеле дека се мртви

Светски познатите личности се секогаш помеѓу најозборуваните на светот. Секогаш постои некој интересен трач за нив, но најинтересното е кога за некој ќе излезе вест дека е починат, а всушност е жив и здрав. 

Издвоивме 5 личности за кои се мислело дека не се повеќе меѓу живите. 

1. Роџер Мур – познат како тајниот агент Џејмс Бонд од 1973- 1985е еден од нив. По завршување со улогата на Џејмс Бонд во 7 филмови, започнува со хуманитарна работа во УНИЦЕФ.

2. Ширли Темпл – позната американска актерка, родена во 1928 година, постепено  се повлекува од јавниот живот во 1949 година со својот последен филм. Како последица на тоа многумина мислеле дека не е жива.

3. Ангела Лансбури – актерка освојувач на 5 Тони награди, номинирана за 5 Еми и 3 Академски награди, е исто една од познатите личности за кои се зборувало дека не е жива. Таа и ден денес е активна во театарски Бродвеј претстави.

4. Рили Би Кинг или познат како Би Би Кинг – роден во 1925 година, африканско- американски блуз пејач во светски размери, освојувач на 15 Греми награди со преку 15000 настапи за време на својата 63 годишна кариера. Сеуште настапува и пее.

5. Дорис Деј –  родена во 1924 година. Од 1968 година не се појавува во филмови, а последниот албум „моето срце“ го издала во 2011 година.

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: