Се што не сте знаеле за Старата Скопска чаршија

Во Скопската Чаршија започнало создавањето на општествените и урбаните елити во првите децении од 20 век а се зацврстило особено во годините по Втората Светска Војна. Да бидеш сопственик на дуќан во Чаршијата претставувало признание за угледен статус во градското општество. 

 

Така, Чаршијата се претвора во трговски центар на Скопје.  Сопствениците на дуќаните живееле во куќите над дуќаните, додека редовните трговци живееле во скопските населби Серава, сосема блиску до Чаршијата, како и во населбата Чаир, турско име што означува плодно земјиште, и двете познати како најстари населби на Скопје. 

 

Расказите за „чаршиските фаци„ и ден денес се чуваат како легенди кои говорат за долгиот живот и доживувањата на овој древен град сместен во внатрешноста на еден модерен град. Кога доаѓате во Чаршија од делот на Скопје изграден по земјотресот во 1963 година, добивате впечаток дека тука се прекинува врската со цивилизацијата- динамиката и стресот се заменуваат со опуштеност и идилично спокојство.  Тука завршува агресивноста на современото живеење и започнува почитта кон традицијата одгаена во типични форми на трговина и занаетчиство како што е производството на папучи, производство на чанти, јоргани, лимарство и злато.  Во Старата Чаршија се чува семејната традиција- дуќаните се пренесуваат од генерација до генерација како такви се претвораат во препознатливи симболи за жителите на градот Скопје. Покрај малечките и тесни продавници во кои се култивираат некои од занаетите кои се судираат со модерните трендови на индустријализацијата, Старата Чаршија е исто така културен и уметнички центар во кој се наоѓаат бројни културно-историски споменици.  Во својата внатрешност овој некогашен трговски центар ги чува некои од најпознатите уметнички галерии, некои од најстарите амами и анови изградени во времето на Османлиското царство. 

 

 

Составен дел на Чаршијата, иако можеби не физички внатре во неа, е и Театарот на Албанска драма, зграда која за жал, не е одржувана и е оставена настрана од интересирањето на централните авторитети на културата.  И покрај бројните потешкотии и перипетии, овој Театар децении наназад одржува претстави кои, заедно со нивните протагонисти, често биле наградувани со високи награди на престижни фестивали дома и во странство. 

 

Скопската Чаршија е исто така домаќин на многубројни отворени музички манифестации кои се одржуваат над калдрмата а е исто така дом на Детскиот Театарски Центар, мултиетнички театар кој остварува претстави за деца.  Во рамките на Чаршијата учествуваат и Музејот на Македонија што се наоѓа во близина на Куршумли Ан и Мустафа Пашината Џамија, а во близина, спроти Скопското Кале се наоѓа и Музејот на Современа Уметност. Еснафите на Скопската Чаршија се занаетчиите кои ја одгледуваат и чуваат традицијата на еден занает.  

 

Терминот „еснаф„ доаѓа од средниот век и е користен за означување на луѓето кои извршувале функции од економски, политички, воен и религиозно- образовен карактер.  Тие исто така се интересирале и за проблемите на производството и циркулацијата на стоката.  Денес, да се биде еснаф значи да се почитуваат правилата на Чаршијата- да се отвори дуќанот рано наутро, да се пречекуваат и испраќаат муштериите со љубезност. 

Еснафите се среќаваат честопати низ разни локации на Чаршијата за да разменат мислења, или одржуваат состаноци на кои се дискутира за прашања од значење за Чаршијата.  Нивното седиште е внатре во комплексот Капан Ан кој се наоѓа на самиот влез на Чаршијата. Истовремено, и занаетчиите имаат свој центар на дневни активности познат како Дом на Занаетчии, една бела зграда спроти Чифте Амам и Мурат Пашината Џамија.  Домот на занаетчии на Скопје кој се наоѓа во Старата Чаршија, освен како претприемнички објет, се користи и како локалитет за други општествени или културни активности како што се уметничките изложби.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: