Неверојатни историски факти

– Денот после четврток, 4-ти октомври 1582-ра, бил петок!

-15-ти октомври 1582-ра. Ова ја обележува транзицијата меѓу Јулијанскиот и Грегоријанскиот календар.

 

– За време на Монголската империја во 13-от и 14-от век, монголски војници на различни страни од империјата во исто време се бореле со Германци и Јапонци, и овие луѓе немале поим за постоењето еден за друг. Вакво нешто се нема повторено се до Втората светска војна.

 

– Пирамидите биле подеднакво стари за Римјаните, како што се Римјаните стари за нас.

 

– Кога Ексимите биле откриени, тие немале поим дека имало и други луѓе на планетата.

 

– Германската Врховна команда сакала Хитлер да се повлече во Баварија и да започне герилска војна која би траела со години. Хитлер одбил да го напушти Берлин.

 

– Во едно попладне, 40.000 римски војници биле убиени во битка против Ханибал. Масакр од вакви размери нема да се повтори се до Првата Светска Војна.

 

– Во 1918-та повеќе луѓе имаат почината од пандемија на инфлуенца отколку од Првата светска војна.

 

– Сите, освен еден американски претседател, имаат семејно потекло од еден човек – Џон “Безземниот” кралот на Англија.

 

– Сер Артур Кари е канадски генерал, кој не изгубил ниту една битка во Првата светска војна. Тој успеал да ја револуциониразира кохезивноста на војниците, со тоа што им поделил мапа со локација на битката. Во тој период, старешините сметале дека војниците не би можеле да се снајдат со мапа.

 

– Корејскиот Адмирал Ји Сун Шин самостојно успеал да ја спречи јапонската инвазија и од 26 поморски битки, не изгубил ниту една. Во битката за Мјеонгнјанг, тој со неговата флота од 13 бродови, ја победил јапонската флота од 333 брода.

 

– 10-от американски претседател, Џон Тајлер, роден во 1790-та, има двајца живи внуци.

Пронајдете не на следниве мрежи: