„Авенџерс“ меѓу најгледаните филмови за 2012-та година

Американскиот суперхеројски филм, „Авенџер“ продуциран од Марвел студио и дистрибуиран од Волт Дизни,  е филм базиран врз комичниот суперхеројски тим на Марвел.

Својата премиера ја имаше на 11ти Април 2012, во холивудскиот театар „Ел Капитан“. Позитивни критики следуваа веднаш по премиерата од многу критичари, а „Авенџерс“ стана филм кој најбрзо во филмската историја заработил 1 билион долари.

После „Аватар“ и „Титаник“, „Авенџерс“ е на трето место по филмови кои достигнале огромна заработувачка за многу брзо време.

Меѓу главните улоги се Роберт Довни- кој го игра „железниот човек“  има улога на билионер, пелјбој, филантропист со претпознатлив железен оклоп кој го измислил сам. Крис Хемсворт како Тор во улога на принцот од Асгард.  Скарлет Јохансон или црната вдовица, игра професионално обучен шпион, иако е единствената девојка нејзината улога е типично машка. Том Хидлстон како Локи заблуден во фактот дека неограничената моќ е се што му треба и Крис Еванс како капетан Америка, ветеран од втората светска војна кој има посебни човечки способности пиејќи експериментален серум.

„Авенџерс“ стана четврти најголем по заработувачка филм, највисоко дистрибуиран суперхеројски филм, преставен во 10 земји, заработувајќи 73.100.000 долари за три дена.  Беше на прво место надвор од Северна Америка цели четири последователни викенди.

Коментаторите доста го ценат карактерниот развој и дијалог на филмот. Прес репрезентот Кристи Лемир напиша дека сценариото „искри како и специјалните ефекти во него“, овие луѓе може се смешно облечени, но имаат големо значење.

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: