Моќта на потсвеста – посилна од универзумот

Чудотворната моќ на потсвеста е голема. Тоа е одговорот зошто некои луѓе успеваат во животот, а некои остануваат заробени во сенката на неуспесите.  Ризницата се наоѓа скриена длабоко во нас. 

Тајната на успехот на луѓето од сите времиња се наоѓа во нивната способност да ги откријат и ослободат силите на сопствената потсвест.

Секој е во состојба да го открие ова богатство. Доколку се случи тоа, доаѓа до изобилие на среќа во нивните животи.  Потсвеста ги знае одговорите на сите прашања. Никогаш не ги употребувајте изразите “Јас не можам.” ,”Се плашам.”,”Не сум во состојба да го сторам тоа”.

Потсвеста тогаш ќе се потруди и да го реализира тоа. Наместо страв од неуспех што би значело и неверување во нашите способности пронајдете го патот до успех преку вербата. Успехот во животот е пропорционален со вербата во успехот. Ако ги промените своите мисли, ќе го промените и својот живот. Се што ќе потврдите свесно и ќе го почуствувате како вистинито ќе се материјализира во вашиот ум, тело и деловните активости. Мислете позитивно и отворете ја вратат на уживање во животот. Замислете ја јасно вашата цел или желба во потсвеста и обидете се да ја почуствувата како реалност, бидете убедени во нејзиното реализирање  и резултатот нема да ве разочара.

Но, бидете внимателни, не се сомневајте во моќта на вашата желба и нејзиното исполнување, бидејќи и секој сомнеж е неуспех, тогаш вашата верба не е доволно силна и не и го дава основното нешто што и е потребно на посвеста за да си ја заврши својата работа како што треба. Значи се зависи од нас самите, како ние ќе пристапиме кон нештата,низ која призма ќе ги гледаме работите и ќе ги впиваме во нашата потсвест.

 

Ако сме огорчени, полни со љубомора, гнев и омраза тогаш ќе бидеме исполнети со негативна енергија која нема да ни дозволи да ја видиме убавината на животот и вистинската смисла на нашето постоење. Љубовта кон самите себе, љубовта кон животот, љубовта кон се е она што не прави среќни.

Утврдете ја вистинската природа на верата. Имајте на ум дека верата е мисла создадена во умот и дека човекот го создава она и само она што ќе го создаде во својот ум. Се што ќе втиснете во потсвеста ќе излезе на виделина како особина, искуство или случка. Затоа претпазливо одберете ги идеите и мислите што и ги упатувате на потсвеста. Законот на акција и реакција е универзален. Мислата претставува акција додека автоматскиот одговор на потсвеста е реакцијата.

Се што ќе почуствувате како реално и во мислите ќе наредите да се оствари – навистина ќе се оствари. Моќта на потсвеста одамна се поврзала со универзумот Мислете на хармонија, здравје, среќа и изобилие. 

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: