Одбележување на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик

21 февруари е прогласен за Меѓународен ден на мајчиниот јазик од страна на Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации (УНЕСКО) на 17 ноември 1999 година на 30-тата сесија на Генералната конференција во 1999 година.Во 2000 година 21 февруари е промовиран како Ден на лингвистичка и културна разновидност и мултилингвизам. Според статистичките податоци, во последните три века има изумирање или драматично намалување на јазиците, особено на американскиот и австралискиот континент.
Во светот денес се зборуваат околу 6.500 јазици, а на околу половина им се заканува исчезнување во многу делови на светот.
Одбележувањето на Меѓународен ден на мајчиниот јазик е под мотото „ Година на книгата, книга за секое дете“. Настанот ќе се одржи во просториите на НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола на ден 19.02.2016 година (петок), со почеток во 12 часот. Во холот на библиотеката поставена е тематска изложба на книги на македонски, турски, албански, ромски, српски, хрватски, бошњачки јазик и други јазици.
НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола истиот ден ќе го промовира и проектот „Година на книгата, книга за секое дете“, кој има за цел масовно бесплатно зачленување на децата кои посетуваат предучилишни установи и центри за ран детски развој, поголема популаризација и промоција на читањето книги, истите да се достапни за сите деца со цел правилен интелектуален развој и полесно поаѓање во прво одделение.
Во првата фаза од проектот ќе бидат вклучени дечиња од градинките „Естреја Овадија Мара“ и „Мајски цвет“ – Битола. Ваучерите децата ќе ги подигнат на ден 19.02.2016 година (петок) во 10.30 и во 11 часот во библиотеката.Во 2000 година 21 февруари е промовиран како Ден на лингвистичка и културна разновидност и мултилингвизам. Според статистичките податоци, во послед

Пронајдете не на следниве мрежи: