2022 година беше петта најтопла година во светската историја

Минатата година беше петта најтопла година досега, а изминатите девет години беа деветте најтопли од прединдустриското време, што ја доведе во опасност целта на Парискиот договор од 2015 година, да се ограничи глобалното затоплување на 1,5 степени Целзиусови, изјавија денеска американските научници.

Минатата година е изедначена со 2015 година, како петта најтопла година од водењето евиденција кое почна во 1880 година, соопшти НАСА.
Таков резултат е забележан и покрај присуството на Ла Ниња во Тихиот Океан, која генерално благо ги намалува глобалните температури.

Просечната глобална температура сега е за 1,1 до 1,2 степени Целзиусови повисока отколку во прединдустриското време.
Националната администрација за океани и атмосфера на САД соопшти дека 2022 година е рангирана како шеста најтопла година од 1880 година. Научниците од Европската Унија оваа недела посочија дека според нивните податоци, 2022 година е петта најтопла година.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.