„Триглав“ изгуби 2,3 милиони евра во Македонија

Осигурителната компанија „Триглав“ ќерка на компанијата „Триглав Осигурување“ АД (поранешно „Вардар Осигурување“) мораше летово на македонската трговско-производствена фирма Матекс да ѝ исплати 2,3 милиони евра оштета, камати и трошоци поврзани со тужбата поднесена од страна на „Матекс“.

Станува збор за штета настаната при грабеж и пожар во 2001 година, шест години пред „Триглав“ да го купи „Вардар Осигурување“.

Македонскиот Врховен суд пресуди дека на „Матекс“ му е причинета штета заради грабеж и пожар. Осигурителната компанија „Триглав“ мора да ја плати штетата, иако по информациите објавени во словенечкиот бизнис весник Finance се обидела да докаже, дека штетата е настаната поради воени операции. Имено, во времето кога е настаната штетата на „Матекс“, во тој регион се одвиваше конфликтот меѓу македонската полиција и албанските екстремисти, пишува словенечкиот весник.

На „Заваровалница Триглав“, која во моментов е под раководство на Матјаж Раковец, и’ преостанува уште да поднесе тужба до Европскиот суд.

За поднесување тужба сé уште размислуваат. Велат дека „Триглав Осигурување“ АД работи согласно планот ( во првата половина има обезбедено вкупни премии во износ од 10,3 милиони евра бруто полисирана премија и има исплатено 5,4 милиони евра по основ штети). До крајот на годината се очекуваат до 25 милиони евра од меѓународната финансиска корпорација IFC, која најверојатно ќе го докапитализира „Триглав ИНТ“, односно компанијата  преку којашто „Заваровалница Триглав“ е сопственичка на осигурителните компании на Балканот.

Се поставува прашањето, дали во 2007 година кога „Триглав“ купи удел од 70 отсто од македонската осигурителна компанија за 38 милиони евра, знаел што купува и кои тужби може да ги изгуби.

Дамјан Михевц, тогашниот прв човек на надзорниот одбор на „Триглав“ вели, дека, како што се сеќава, со таква тужба надзорниците не биле запознаени.

Тогашниот претседател на управата на „Заваровалница Триглав“ Андреј Коцич моментално првиот човек на германската осигурителна компанија „Ерго“ во Словенија, за Finance изјави дека групацијата „Триглав“ пред секое преземање врши детален преглед, во којшто учествуваат одговорни професионалци од сите сфери. Потоа според Коциќ секогаш се вршеле процени, кои не ретко ги вршеле и надворешни соработници.

Меѓу основните задачи на деталниот преглед спаѓаат и прегледот на отворените штети како и прифатливоста на обликуваните осигурително-технички резервации. Во резултат на прегледот е, како што вели Коцич, секогаш и оцената на адекватноста на поединечните сметководствени ставки, како што се финансиските ставки и осигурително-техничките резервации.

Коцич притоа наведува дека во случај управата на „Триглав“ да дошла до сознание дека постои недостаток на резервации на штета односно други пасивни билансни ставки, тоа непосредно би имало влијание на оцената на вредноста на осигурителната компанија. Во конкретниот пример, односно при купувањето на осигурителната компанија „Вардар“, прегледот извршен од страна на „Тргиглав“ го провери и надворешна ревизорска куќа, со што, како што вели Коцич, дополнително се намалува ризикот од грешки при процената.

Пронајдете не на следниве мрежи: