30 животни мудрости кои секоја мајка треба да му ги предаде на својот син

Некои животни лекции најдобро се учат на училиште, некои помеѓу луѓето кои ги нарекуваме пријатели, но најдобрите и најдрагоцени лекции се учат дома.
Многу често мајките ја потценуваат својата улога на учителки во животот на нивните синови. Реалноста е дека како ќерките, така и синовите, имаат потреба од мудрите зборови на личностите кои ги довеле на овој свет.
Еве кои скапоцени лекции секоја мајка треба да ги вреже во умот на својот син:

1. Не грижи се за тоа дали јас или твојата избраничка се гордееме со тебе, грижи се дали ти се гордееш со себе.

2. Не дозволувај егото да те спречи да кажеш „Извини“. Ќе изгубиш многу сакани личности и ќе пропуштиш многу шанси поради тоа.

3. Светот не се врти околу тебе. Можеби мојот да, но не и на останатите луѓе. Не биди себичен. Почитувај го туѓото време и секогаш биди точен.

4. „Валканиот“ хумор не е секогаш најзабавна варијанта да насмееш некого. Научи да бидеш забавен на достоинствен и културен начин. Зборовите можат да болат.

5. Девојките во реалниот живот не изгледаат како ангелите од Victoria’s Secret. Не се стреми кон идеалот за жена кој ти го пласираат медиумите и брендовите.

6. Најди личност која ќе знае да те насмее и која ќе те почитува и помини го животот со неа. Твојата љубовна врска ќе влијае на сите останати аспекти од твојот живот.

7. Третирај ја својата сопруга како кралица и таа ќе те третира како крал за возврат.

8. Однесувај се кавалерски кон сите жени, особено кон твојата избраничка. „До крајот на животот“ е прилично долг период за да го поминеш со личност која ја иритираат твоите манири. Биди џентлмен, употребувај го изразот „дамите први“, отворај ѝ ја вратата на саканата… кавалерството не треба да умре.

30 животни мудрости кои секоја мајка треба да му ги предаде на својот син

9. Не ја споредувај својата сопруга со мене. Штом ти си ја избрал да стои до тебе, таа е прекрасна на свој начин.

10. Биди силен, но нежен истовремено. Добрите момци завршуваат први, а не последни.

11. Искажувај ги своите емоции. Со потиснувањето на чувствата креираш темпирана бомба која кога-тогаш ќе експлодира. Наместо душата тивко да ти вреска од фрустрации, да го криеш срамот или да ја гризеш устата од возбуда, изразувај се слободно. Чувствата не се табу тема.

12. Жената може да направи речиси сè што можеш и ти, но твојата помош ќе биде секогаш добредојдена.

13. Ова е рерна, машина за перење, правосмукалка… Научи да ги користиш апаратите во домаќинството. Домашните обврски не се само за жени.

14. Ако девојка отсечно ти одговори „Ништо“ на прашањето „Што ти е?“, треба да знаеш дека те лаже.

15. Кондомите можат да ти го спасат животот.

Текстот продолжува подолу на страната 2:

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.