„450.000 потрошувачи без струја во Киев“: Зеленски ја обвини Русија за „ЕНЕРГЕТСКИ ТЕРОРИЗАМ“

Во Киев денеска без струја се 450.000 потрошувачи, што е 1,5 пати повеќе од претходните денови, изјави градоначалникот Виталиј Кличко.

„450.000 потрошувачи без струја во Киев“: Зеленски ја обвини Русија за „ЕНЕРГЕТСКИ ТЕРОРИЗАМ“

Тој изјави дека исклучувањето е поради преоптоварување на централниот јазол на енергетскиот систем на земјата по ракетирањето на енергетските капацитети од страна на руските сили, пренесува Интерфакс Украина.

Апелирам до сите жители на главниот град: штедете струја што е можно повеќе, бидејќи ситуацијата е се уште тешка!“, напиша Кличко на Телеграм.

„Енергетски тероризам“
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија дека прибегнува кон „енергетски тероризам“ бидејќи руските трупи покажуваат мал успех на бојното поле.

Зеленски изјави дека 4,5 милиони луѓе во Украина се без струја по руските напади врз енергетската мрежа, пренесува Би-Би-Си.

Околу 4,5 милиони потрошувачи вечерва беа привремено исклучени од напојување со електрична енергија – рече Зеленски во синоќешното видео обраќање.

Според него, фактот што руските сили ја гаѓаат енергетската инфраструктура е знак на слабост, бидејќи тие не можат да постигнат поголем напредок на линијата на фронтот.

Русија ги засили нападите врз енергетската инфраструктура на Украина во последните недели.

Украинските власти воведоа ограничувања во снабдувањето со електрична енергија и апелираа до граѓаните да штедат струја.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.