5 билки и зачини кои ги спречуваат воспаленијата во нашето тело

Loading...

Честите воспаленија и инфекции се голем проблем за нашето здравје. Тие предизвикуваат големи проблеми во нашето тело, па затоа треба да делуваме пред да биде предоцна.
Постојат природни билки и зачини кои имаат силна моќ да ги спречат воспаленијата во нашето тело.
Зелен чај
Зелениот чај е познат по своите антиоксидантски својства кои ги спречуваат воспаленијата, го чуваат нашето тело од дејството на слободните радикали, го подобруваат метаболизмот и придонесуваат за подобрување на општата добросостојба.
Куркума
Куркумата е познат зачин кој често се се користи во источната кујна, но и во козметиката. Куркумата содржи состојки кои придонесуваат за намалување на инфекциите во нашето тело, а некои истражувања покажуваат дека таа е корисна и за добар сон, подобрување на расположението и спречување настинки.
Цимет
Циметот е често поврзан со зимата, но е корисен да се конзумира во текот на целата година поради целото богатство на антиоксиданти кои придонесуваат за зачувување на нашиот имунитет, го намалуваат крвниот притисок и го штитат нашето тело од воспаленијата.
Ѓумбир
Ѓумбирот има специфичен вкус, но тој е одличен додаток во исхраната. Има моќно дејство против мачнините, главоболката, болките во стомакот, намалување на менстуралните симптоми, но и за заштита на имунитетот и спречување на настинките.
Каранфилче
Многу нутриционисти посочуваат дека каранфилчето е одличен додаток за многу јадења. Тоа може да се користи и за намалување на болките во грлото, намалување на подуеноста на стомакот, како и спречување инфекции во устата.

loading...