Година на кинеските изненадувања

Годината на кинеските политички интриги веројатно ќе изроди уште некои големо изненадување во моментот додека владејачката Комунистичка партија се подготвува на конгресот во ноември да ја дозаврши смената на генерациите на чело на партијата во сенката на политички прогони, заговори и затвори.

На само неколку седмици до завршувањето на првата смена на генерациите по цела една декада, не се познати полниот состав како ни неговата програма и сѐ уште за нив се преговара во најголема тајност.
Една од малкуте познати работи е дека речиси е сигурно дека потпретседателот Си Џинпинг ќе го заземе место партиски лидер на партискиот конгрес кој започнува на 8-ми ноември, додека за другите десетина високи партиски функции сѐ уште во заднината се водат внатрепартиски борби. Си Џинпинг по преземањето на партијата, потоа во март идната година, ќе стане претседател на државата со изборот на годишното заседание на кинескиот парламент.

Тројца во моментов најмоќни Кинези, поранешниот претседател Џианг Земини сегашниот претседател Ху Џинтао и неговиот наследник Си Џинпинг се обидоа да ги ублажат фракциските судири околу новиот состав на власта, така што се состанале и ја усогласиле листата со фаворити за највисокото партиско тело- извонредното влијателното во Кина – Политбирото, велат извори од партијата за западните медиуми коишто истапуваат само во услови да не бидат споменати нивните имиња.
Меѓутоа политичките аналитичари кои со години ги следат кинеските политички прилики, сметаат дека планот на оваа тројка може да се изјалови.
„Мислам дека овојпат ќе има изненадувања… Преговорите се многу комплициран процес“, вели Ченг Ли експерт за кинеска политика од Брукинг тинк-тенг институтот во Вашингтон.

„Тие коишто се надвор од нив, всушност ништо не знаат. Веројатно знаеме само 20 отсто од она што навистина се случува. Ќе има измени во последен момент, можеби дури и на заседанието на Извршниот комитет на Политбирото“, додава Ченг.
Списокот што го направиле Џианг Ху и Си веќе донесе големи изненадувања, бидејќи од него испадна еден од фаворитите на десното крило 57-годишниот Ванг Јанг, шефот на партискиот огранок на јужната покраина Гуангдонг кон на Западот го доживуваат како склон кон политички реформи во најнаселената земја на планетава и втората светска економија.
Неговото изоставување од листата за високи партиски функционери би можело да биде поврзано со падот на Бо Силаи кој ја изгуби моќта и во текот на седмицава беше притворен поради неговата инволвираност во еден од најголемите политички скандали во модерна Кина последните две децении. Бо беше сменет од политичките функции и притворен откако неговата сопруга Гу Каилаи беше осомничена и осудена за убиството на британскиот бизнисмен Нил Хејвуд што го забошотувал неговиот близок соработник поранешниот началник на полицијата Ванг Лиџун.
Бо Силаи, 63-годишниот поранешен министер за трговија својата функција во Чонгчинг од 2007 година ја искористуваше за самореклама, спроведувајќи популистичка политика со која придоби многу приврзаници кои сакаат харизматичен лидер. Особено ја придоби наклонетоста на ткн вистинска левица којашто беше одушевена со неговото промовирање на ткн „црвена” култура вдахновена од периодот на Мао Цетунг и неговата контроверзна кампања против организираниот криминал. За него се веруваше дека ќе заземе висока функција во новото партиско раководство, но неговата кариера стрмоглаво почна да паѓа откако Ванг во февруари побегна во американски конзулат, тврдејќи дека Гу Каилаи го отрула Британецот Хејвуд.
Меѓутоа и покрај тоа, Ванг Јанг и натаму останува фаворит на левото крило во партијата коешто се залага за забавување на темпото на пазарните реформи во земјата.
Аналитичарите за Кина веруваат дека Џианг, Ху и Си не сакале и натаму да ја предизвикуваат тврдата левица со поддршката на Ванг.
„Некои велат дека тој и Бо Силаи се припадници на десната струја“, вели Ванг Женгсу од Универзитетот на Нотингемската школа за современи кинески студии во Велика Британија.
И покрај постоењето на списокот, аналитичарите предупредуваат дека процесот на изборот на составот на Извршниот комитет на Политбирото е таков што можеби волјата на споменатите тројца влијателни политичари можеби и нема да се оствари.
Фаворитите може да паднат на последната пречка, доколку, на пример, делегатите не ги изберат во Централниот комитет кој има 200 членови или доколку највисоките партиски функционери или сегашните членови на Извршниот комитет не стават вето на нивниот избор.

Составот на новиот Извршен комитет на Комунистичката партија на Кина, кој ќе има седум наместо досегашните девет членови, договорен е во претходните исцрпувачки преговори на поранешните, сегашните и идните партиски лидер, меѓутоа резултатите од нив се строго чувана тајна.
За да бидат можните изненадувања сведени на минимум, претходно во 2012 година, беше направено пробно гласање за да се дознае расположението на базата во однос на кандидатите за Политбирото и за Извршниот комитет. Ниту тие резултати не се познати.
Околу 70 отсто од сегашното кинеско раководство ќе биде заменето вклучувајќи ги клучните воени партиски и државни функционери, вели Ченг од вашингтонскиот Брукингс институт. Веројатно, ќе се решава и за други значајни функции како што е на пример гувернерот на кинеската централна банка. Составот на новиот, Извршен комитет, инаку, ќе биде објавен дури на крајот од конгресот.
Некои аналитичари сѐ уште не го отпишуваат Ванг Јанг во неговите шанси да го заземе местото на сегашниот премиер Вен Џиабао или барем функцијата заменик премиер. Како најлошо можно сценарио, се наведува можноста тој да се пресели во главниот град Пекинг за да може да се репозиционира за некоја висока функција за следниот партиски конгрес кој ќе се одржи во 2017 година.
Аналитичарите сметаат дек аи најголемите можни разочарувања би можеле да претставуваат неизборот во Извршниот комитет на актуелниот заменик премиер Ванг Кишан, кој е омилен во странските инвеститорски кругови или шефот на организацискиот комитет на партијата, Ли Јуанчао.

Макфакс

Loading...