Најсмртоносната година за новинарите досега

Од почетокот на 2012 досега се убиени 119 новинар директно поврзано со нивните активност, покажуваат податоците на Меѓународниот институт за медиуми (International press institute – IPI), што претставува најголем број откако од 1997 оваа институција систематски ги регистрира убиствата на новинарите.

Пописот на убиените работници на медиумите на IPI вклучува новинари кои загинале поради нивната работа или додека биле на задача и оттаму ги одразува и пошироките опасности во професијата. Меѓутоа, повеќето новинари вклучени во вој список, животите ги загубиле во намерни убиства, се наведува во соопштението на IPI.

Најсмртоносната земја во 2012 година била Сирија, каде се убиени 36 новинари и десетици медиумски работници, што го потврдува алармантниот тренд за кој IPI сведочи во последните 15 години, во кој новинарите се цел за да се спречи дистрибуцијата на информациите коишто можат да ги загрозат пропагандните обиди на страните во судирите.

Вкупно 16 новинари се убиени годинава во Сомалија во целени напади. Никој од извршителите не е изведен пред суд, со што се зацврстува културата на неказнивост која поттикнува нови напади, забележуваат од IPI.

Мексико, Пакистан и Филипините и натаму остануваат опасни земји за новинарите. Седум новинари се убиени од почетокот на годинава во Мексико, од кои дури петмина во сојузната мексиканска држава Веракруз, којашто е најсмртоносната област за новинарите во Мексико уште од 2006 година.

По пет убиства со новинари има во Пакистан и на Филипините во врска со нивната работа. На Филипини, каде што културата на неказнивост е голем проблем за новинарите, кои инаку уживаат солиден степен на медиумска слобода извршителите на убиствата на 32 новинара во масакрот во Ампатуан од 23-ти ноември 2009 година кога беа ликвидирани повеќе од 50 лица, допрва треба да бидат осудени.

Блискиот исток е светски најсмртоносниот регион за новинарите досега во 2012 година, со 36 смртни случаи во Сирија, три во Ирак, три на палестинските територии и еден во Бахреин.

Африка е втора на списокот, со вкупно 27 убиени новинари, вклучувајќи 16 во Сомалија, пет во Нигерија, четири во Еритреја и по еден во Танзанија и во Ангола.

Вкупно 26 новинари се убиени во Азија, вклучувајќи и седум во Индонезија, од кои пет загинаа во воздухопловна несреќа додека биле на извршување на професионална задача. Освен претходно споменатите смртни случаи во Пакистан и на Филипини, три новинара се убиени годинава во Бангладеш и два во Индија.

Во Јужна Америка годинава се убиени вкупно 22 новинара, каде се регистрирани седум убиства во Мексико, четири во Бразил, три во Хондурас и два во Колумбија, што го потврдува продолжувањето на трендот насилни напади врз новинарите во овој регион. Четири новинари на овој континент ги загубиле животите во Перу во сообраќајна несреќа додека биле на задача, а еден во Еквадор, врз кого пукале двајца мажи на мотоцикл.

„Силно вознемирува тоа што и покрај јасните меѓународни напори растот на нападите врз новинарите да сопре, годинешната бројка загинати е најголемата во аналите на IPI. Убиството на новинар е крајниот и најбесчувствителен облик на цензура”, изјави заменикот директор на IPI, Антони Милс.

На 23-ти ноември, IPI ќе им се придружи на новинарите и граѓанските здруженија од целиот свет во одбележувањето на Меѓународниот ден на ставањето крај на неказнивоста (Idei). На овој ден всушност се одбележува масакрот кај Ампаутан на Филипини и се предупредува дека неказнивоста и натаму е еден од клучните проблеми за напорите за спречувањето на нападите врз новинарите

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: